Услови и правила за испоракa и замена на производ

ИСПОРАКА НА ПРОИЗВОД

Испораката на производите се извршува на адресата која купувачот ја определил при нарачката или до најблиското претставништво на службата за достава во вашиот град.

При примање на производот, примачот е должен да го провери производот за евентуални оштетувања при транспорт и да провери евентуален недостиг на некој дел, доколку производот е составен од повеќе делови. Доколку се констатира некој од претходно наведените недостатоци, примачот е должен веднаш да пријави рекламација.

Пред испораката на производот, купувачот ќе биде телефонски контактиран за часот и денот на испораката.

Испораката на производите се прави на целата територија на Република С. Македонија, до сите населени места кои се поврзани со асфалтирана патна мрежа.

Времето на испораката е од 2 до 5 работни дена, во зависност од оддалеченоста на населеното место од Скопје.

Доколку има доцнење на испораката МК Маркет не сноси никаква одговорност доколку доцнењето е предизвикано од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката.

Во случај кога купувачот не е дома и не е достапен за доставување на порачката во договорениот термин и на наведената адреса, или нема обезбеден пристап и услови за предавање на производите во тој рок, МК Маркет се ослободува од обврската да ги испорача производите наведени во порачката.

Начинот на плаќање на производите е при самото нивно превземање од службата за достава.

ЦЕНАТА ЗА ДОСТАВА НА ПРОИЗВОДИТЕ Е 130 ДЕН.

БРЗА ДОСТАВА ВО РОК ОД МАКСИМУМ 24 ЧАСА ОД МОМЕНТОТ НА НАРАЧКАТА

ВО ЦЕНТРАЛНО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ НА ГРАД СКОПЈЕ – 250 ДЕН

——————————————————————————————————————–

ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОД

Замена на производ се врши во рок од 14 дена од денот на прием на производот.

Замената на производот се врши само доколку тој не е во согласност со Вашата нарачка или доколку производот е оштетен при транспорт или е во неисправна состојба во моментот на приемот.

Замената на производот се врши исклучиво во оргиналното пакување и на истиот нема видливи оштетувања.

Доставата при процес на замена на исправен производ, а е на барање на купувачот е на сметка на купувачот.

Рекламации за исправноста на производите се прифаќаат САМО во рок од 24 часа од часот заведен на листата за прием на пратка. Доколку забележите фабрички оштетувања, видливи оштетувања направени при пакување или транспорт и/или производот ги нема сите составни делови, Ве молиме да не известите на телефонскиот број 071/713-153, секој работен ден од 08:00 до 20:00 часот. За прифатливо известување за рекламација ќе се смета телефонско известување заедно со испратени фотографии и/или видео од оштетениот производ на нашата електронска пошта info@mkmarket.mk или во порака на нашата Facebook страна.