Опис
Ултразвучниот уред кој се користи за обука и дресирање во случај на непослушност кај кучиња.
Доколку вашето куче не доаѓа кога го викате, непрестано лае, е непослушно во период на парење, врши нужда дома, или се качува по мебелот, ова е вистинското решение за вас.
А доколку вашиот миленик е многу послушен и не сакате проблеми со агресивни кучиња кои можат да наидат додека го шетате надвор, овој ултрасоничен звучник ќе ги избрка истите.
Уредот функционира со режим на импулсна модулација – ги контролира рефлексите на кучето, но нема никаков штетен ефект врз нив. Уредот не содржи електрични импулси, како ремчињата против лаење. Ова е уред кој емитува ултрасонични звуци кои го стимулираат кучето да се скроти.
Звукот е нечуен за човековото уво поради фреквенцијата од 125dB која човековиот слух не ја регистрира. Сепак, и покрај ова сознание, се препорачува да не го вперувате уредот директно во вашето уво додека е вклучен, бидејќи може да направи да се чувствувате непријатно.
Спецификации:
- уредот ги смирува непослушните кучиња или ги прогонува агресивните кучиња-скитници
- го учи вашето куче да го поврзе непријатниот звук со командата која му ја давате
- 9V батерија (не е вклучена во пакувањето)
- ултрасоничен звук од 125dB / 25000 Hz
- фреквенција: 25 KHz
- ефикасен опсег до 5m
- делува за секаков вид куче, домашно, полициско, воено, овчарско и сл.
- без шок технологија
- LED светло
- димензии: 12,5cm x 4cm x 2,7cm
- тежина: 97гр.
- материјал: ABS
Упатство за употреба:
– За дресура, режимот на работа се подесува на средина и се притиска на копчето.
– За прогонување на агресивно куче, режимот на работа се подесува на последната единица најдесно и се притиска на копчето.
– За активирање на лед светлото при слаба видливост, режимот на работа се подесува на првата единица најлево и се притиска на копчето.
Идејата за ултрасоничниот уред се базира врз сознанието дека кучињата слушаат ултразвук и доколку тој ултразвук е со голема јачина тие ќе бидат исплашени и ќе се оддалечат од ултразвучниот извор.






