Опис
Стабилна и издржлива помошна масичка изработена од алуминиум и работна површина од квалитетна 16 mm иверица.
Масичката е исклучително лесна и зафаќа малку простор, што ти овозможува да ја носиш каде што сакаш. Леснo се придвижува со помош на четирите тркалца.
Можеш да ја користиш како маса за твоето дете, држач за лаптоп, биро, маса за сервирање или нешто сосема друго.
Подесива по висина, масичката е исклучително практична бидејки се прилагодува на вашите потреби и вашата висина.
Максимална тежина која е дозволена: 20 kg
Димензии: 60 x 40 cm, и подесива висина од 60-85 cm
Достапна во бела, црна, кафеава и крем боја









