Декоративно осветлување со 10 сијалици

Price range: 790.00 ден through 1,290.00 ден

Декоративно осветлување со 10 сијалици

Шифра 3291

Нарачај го производот директно на :

  • Телефон: 071 713 153 или 079 344 285
  • Viber:  071 713 153 или 079 344 285
  • Chat на веб страната
  • Во inbox
  • На e-mail: info@mkmarket.mk
                        info.mkmarket.mk@gmail.com
Категорија SKU: 3291 Ознаки:

Опис

Осветлете ја вашата просторија со прекрасните декоративни LED сијалици во низа со должина од 5 или 10 метри. Овие сијалици се идеални за креирање на магична атмосфера и додавање на шарм во секој дом, ресторан, кафе бар, тераса, двор или било кој друг простор.

Ова декоративно осветлување вклучува 10 LED сијалици, што значи дека ќе имате доволно светлина за да го украсите целиот простор. Дожината може да се продолжи доколку ви е потребно – иако кабелот е долг 5 m или 10m соодветно, истиот има конектор со кој можете да ја издолжите низата и да поврзете уште еден сет сијалички, или повеќе сетови, колку и да ви е потребно.

Овие декоративни сијалички се изработени од висококвалитетен материјал, што им придава издржливост и долготрајност. Тие се водоотпорни, што значи дека може да ги користите и на отворени простории без никакви проблеми.

Со помош на прилагодливата низа, можете да ги обликувате сијалиците според вашите потреби и креативни идеи. Заврзете ги околу дрво, столб, ограда од балкон, околу чадорот или тендата за сонце и сл.

Сетот вклучува:

5 или 10 м водоотпорен декоративен кабел за осветлување

10 фасонки со вградено лед светло, оддалечени 45 cm или 95 cm една од друга

10 жолти сијалици (3w една сијалица)

Идеално за осветлување на двор, балкон или како декоративен украс за новогодишните празници.

Работат на 220  V

Линк за нарачка на сијалици:

Дополнителни информации

Одберете должина на кабел:

5 метри, 10 метри